Top Sport

Се огласи претседателот на ТС на Русија: Го освоивме Вимблдон

Тенисерката родена во Москва, која пред неколку години го замени знамето на Русија со знамето на Казахстан, Елена Рибакина го освои Вимблдон. Сезонава поради војната во Украина, Вимблдон и го забрани настапот на играчите од Русија и Белорусија.

Ден по победата на 23-годишната Рибакина, се огласи претседателот на Тениската федерација на Русија, Шамил Тарпишчев.

Иако Рибакина веќе четири години настапува за Казахстан тоа не го спречи да каже дека Русите го освоија Вимблдон.

„Многу добри вести. Секоја чест за Рибакина. Го освоивме Вимблдон“, изјави Тарпишчев за Руската новинска агенција.

Scroll to Top