Top Sport

Се откажуваат легендарните скијачки трки во Венген!

Славниот Лауберхорн спуст во швајцарскиот ски-центар Венген е изоставен од календарот за 2021/22 од страна на Швајцарската скијачка федерација поради несогласувања околу финансиската исплата за локалните организатори и случајот оди пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС).

„Швајцарската федерација не може да ги исполни финансиските барања на организациониот комитет. Со повлекување на Венген, федерацијата ќе номинира други атрактивни трки во Швајцарија“, се вели во објавата на националната федерација.

„Лауберхорнренен“, трките во спуст, слалом и алспка комбинација се оддржуваат традиционално во јануари од 1930 година и се меѓу најдобропосетените спортски натпреварувања во Швајцарија со десетина илјади гледачи во центарот во близината на Берн.

Scroll to Top