Top Sport

Легендата на Билбао, Ариц Адуриз се повлече, нема да го игра финалето!

Легендарниот напаѓач на Атлетик Билбао, Ариц Адуриз потврди дека се повлекува од фудбалот на 39 години по фантастичната кариера од 793 настапи и 287 голови и 13 настапи за шпанската фудбалска репрезентација.

Адуриз има настапено неверојатни 405 пати за Атлетик Клуб, а последниот меч во кариерата требаше да му биде првото баскиско финале од Копа дел реј против Реал Сосиедад, но тој вели дека мора да ја прекине кариерата поради повреда на колкот.

„Дојде времето. Повеќе пати кажував дека фудбалот прво те напушта тебе, пред ти да го напуштиш фудбалот. Вчера лекарите ми кажаа што е можно побргу да одам на операција и да добијам вештачки колк за да можам да имам нормален живот. За жал моето тело кажа доста е. Тоа е животот на професионален спортист и тоа е тоа. Толку едноставно“, напиша Адуриз на социјалните мрежи.

Scroll to Top