Top Sport

Се подготвува УФЦ спектакл во Лас Вегас – Адесањо против Ромеро

Исраел Адесањо и Џоел Ромеро ноќеска ќе се борат за појасот во средна УФЦ 248 категорија. Спектаклот ќе се одржи во Лас Вегас.

На борбата за појас во машка конкуренција, ќе и претходи дуелот меѓу дамите. Ќе се соочат Вејли Женг од Кина и Јоана Једжејчек од Полска.

Како и пред секоја борба, беа закажани официјалните мерења и сите 4 актери успешно го поминаа тоа.


Борбите, според распоредот, се на програмата вечерва по 22 часот по средноевропско време.

Scroll to Top