Top Sport

Само еден месец траеше авантурата на Пол Сколс на клупата на Олдам

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс (45) по еден месец на кормилото на Олдам си поднесе оставка. Сколс клубот кој настапува во англиската Лига 2 го презема на 11 февруари и оттогаш на седум натпревари забележа само 1 победа, со 3 нерешени и 3 порази.

По поднесувањето на оставката тој рече дека му е жал што морало да дојде до тоа.

„Со големо жалење го напуштам клубот за кој навивам цел живот. Веднаш стана јасно дека нема да можам да работам онака како што посакував и како што ме наведоа да помислам пред да ја прифатам работата. Сакав да одработам најмалку 18 месеци, а сите кои ме познаваат знаат колку бев горд кога го потпишав договорот. На клубот му посакувам се најдобро во продолжение на сезоната, а јас ќе продолжам да го следам како навивач“ – рече Сколс.

Во моментот кога стигна во Олдам, клубот беше на 14 место на табелата, а истата позиција клубот ја зазема и при неговото заминување.

Scroll to Top