Top Sport

Вилјареал се загреани за Митровиќ

Ја одведе Србија на Мундијалот во Катар, а сега би можел да направи голем трансфер. Шпанските медиуми јавуваат дека Вилјареал се загреани да го доведат во своите редови српскиот голгетер од Фулам – Александар Митровиќ.

„Се работи за напаѓач кој во текот на целата кариера е потценет, а постигнуваше голови во сите лиги каде што играше. Нему му се случува една чудна работа – кога игра во втората англиска лига е стартер, а кога е дел од Премиерлигата, тогаш седи на клупа. Чудно, но вистинито“ пишува „Фихајес“.

Вилјареал оваа сезона има проблеми со реализацијата и решението го гледа во 27-годишниот напаѓач кој ќе игра на СП со својата селекција.

Се верува дека „жолтата подморница“ ќе може да го доведе во Шпанија за 16 милиони евра, вкупно 8 помалку отколку што Фулам му плати на Њукасл пред 3 години.

Сезонава Митровиќ на 18 меча во Чемпионшип постигна 21 гол.

Scroll to Top