Контроверзниот Ленс Армстронг, американскиот велосипедист кому му беа одземени седумте титули од Тур де Франс, е поканет на меморијалното случување „Гран фондо“ во чест на Марко Пантани на 20-годишнината од двојната победа на Италијанецот (Џиро-ТдФ). Ова е обид на семејството на Пантани да се помират со Американецот.
Според „Газета дело спорт“, Алберто Контадор, Јан Улрих, Павел Тонков и Мигуел Индураин исто така се поканети на „трката на шампионите“ пред случувањето, а организаторите се надеваат дека ќе го убедат и Бредли Вигинс да направи појавување.
Армстронг и Пантани честопати се судираа во трките и преку медиумите, но мајката на Пантани, Тонина, вели дека подолго време сака да се сретне со Американецот.
Армстронг се враќаше по третманот за ракот на тестисите кога Пантани победи на Џирото и ТдФ во 1998, по што Тексашанецот победи на Тур де Франс во 1999, додека Италијанецот се бореше да го „исчисти“ своето име по дисквалификацијата од Џирото. Во 2000, двајцата имаа јавна расправија откако Армстронг очигледно успори да му даде на Пантани победа на тешката етапа до Мон Венту.
Несогласувањата никогаш не беа расчистени, бидејќи Пантани почина по предозирањето со кокаин во 2004 година, а Армстронг имаше јавен „пад“ од славата со признавањето дека се допингувал и му беа одземени рекордните седум титули. Тој исто така има забрана да учествува на било која официјална трка.
Сепак, во 2014, Армстронг, на десетгодишнината од смртта на Пантани имаше убави зборови за Италијанецот.
„Ако јас бев столар, тој беше уметник. Сите болки на светот беа на неговите рамења, колку што можеше да го собере во тоа мало тело. Неговите резултати мораат да се гледаат со почит, бидејќи сите се подготвуваа исто, а тој победуваше“, напиша Армстронг.