Јужноафриканската светска шампионка на 800 метри, Кастер Семенја вели дека се чувствува дека била „распната“ од страна на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ) поради нејзиното високо природно ниво на тестостерон.
Двократната освојувачка на олимписко злато на 800 метри е вклучена во легална битка со ИААФ по нивните нови правила спореди кои спортистите со разлика во сексуалниот развој ќе мораат да го лимитираат нивото на тестостерон ако сакаат да се натпреваруваат во дисциплините од 400 до 1.500 метри.
Оваа одлука е предизвикана од доминацијата на Семенја, за која се верува дека има „внатрешни“ тестиси и високо ниво на тестостерон. Швајцарскиот федерален суд ја суспендираше одлуката на ИААФ привремено, со што таа може да се натпреваува и лесно стигна до победа во Стенфорд во текот на викендот.
„Мислам дека поставив пример. На овој свет сум поради причина и го живеам тоа. Јас сум спасител. Ако ја читате Библијата ќе сфатите за што зборувам. Ако можам да го споредам мојот живот, ќе се споредам со Исус. Мене ме распнаа, ми згрешија. Но, на крајот уште сум жива и уште сум тука. Многу е едноставно – никогаш не се кажало дека различните луѓе не можат да трчаат со другите. Не велите тој има предолги нозе не смее да трча, или има големи раце“, вели Семенја.