Top Sport

Семенја: Кои се ИААФ да утврдуваат дали јас сум жена?

Олимписката шампионка на 800 метри, Кастер Семенја вели дека ја третираат како „експериментално заморче“ од страна на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ), откако тие пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) тврдеа дека таа мора да се декларира како „биолошки маж“.

Иако пред сослушувањето во ЦАС, ИААФ тврдеше дека спортистите со разлики во сексуалниот развој (ДСД) не треба да се класифицираат како мажи, на сослушувањето го тврдеа спротивното. ЦАС ја одби жалбата на Семенја и сега нејзе и останува само борба пред швајцарскиот федерален суд.

„И покрај јасните декларации на ЦАС околу полот на Кастер Семенја, ИААФ реши сама да одлучува кој е доволно женско за да се натпреварува и тоа е дискриминација.  ИААФ сака да прави тестови за утврдување на полот“, се вели во сопштението на адвокатите на Семенја.

Самата Семенја вели дека таа е „експериментално заморче“ за да се утврди како влијаат медикаментите за намалување на природниот тестостерон и објави дека ќе одбие медицински третмани.

„ИААФ во минатото ме користеше како експериментално заморче да дознаат како влијаат медикаментите. Иако хормонските лекарства ме правеа да се чувствувам постојано болна, ИААФ сака уште постриктни мерки. Нема да дозволам ИААФ да го користи моето тело повторно. Ова не смее да се дозволи“, вели Семенја.

Scroll to Top