Top Sport

Платини пуштен од притвор: Не ме прашуваа за Катар 2022

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини доцна во ноќта беше пуштен на слобода откако беше испрашуван за неговата улога во доделувањето на СП во 2022 на Катар, по што објави дека нема обвинувања за поранешниот француски фудбалер.

Платини за новинарите изјави дека воошто не го прашувале за контроверзното СП во 2022 година.

„Се работеше за долго испрашување и имаше многу прашања. Ме прашуваа за ЕП во 2016, Светското првенство во Русија, Пари Сен-Жермен, ФИФА…“, изјави Платини.

Во вторникот беа испрашувани и Софи Дион, спортската советничка на поранешниот француски претседател Никола Саркози и Клод Жеан, поранешен генерален секретар на претседателскиот кабинет на Саркози.

Француските медиуми тврдат дека посебен интерес на обвинителите е ручекот на 23 ноември 2010, 10 дена пред доделувањето на СП во 2022 на Катар. На тој ручек присуствувале Платини, Саркози, сегашниот емир на Катар, Тамим бин Хамад Ал-Тани и шеикот Хамад бин Џасем, тогашниот премиер на Катар.

Англичаните тријат раце, го сакаат Мундијалот во 2022 наместо Катар!

Scroll to Top