Рајан О’Рајли постигна два гола за Сент Луис блуз да стигнат до 4:2 победа над Бостон бруинс и да израмнат на 2:2 во финалето на НХЛ Стенли купот.
По засрамувачкиот 7:2 пораз во третиот натпревар, Блуз одговорија со првата домашна победа во едно финале и покрај тоа што ова им е трет настап во финална серија и уште го чекаат првиот рофеј.
О’Рајли го постигна првиот гол по само 43 секунди игра, пред Чарли Којл да израмни на 1:1 во втората третина, пред Владимир Тарасенко да ја врати предноста на Сент Луис. Бруинс израмнија со играч помалку преку Брендон Карло на 5:41 пред крајот на втората третина, но О’Рајли ја врати предноста на Блуз, пред Брејден Шен да постигне гол во празна мрежа во последните секунди за да ја осигура победата.
Серијата се враќа во Бостон за петтиот натпревар во четврток.