Германецот Томас Дресен имаше совршено враќање на скијачките патеки, триумфирајќи на првиот спуст од новата сезона од Светскиот куп, трката во канадскиот Лејк Луис.
При фантастично време, но многу студени температури (околу -20 степени), најлудите луѓе на скии ја започнаа сезоната. Дресен беше фантастичен стигнувајќи до победа со само 0.02 секунди предност пред Италијанецот Доминик Парис, додека третото место го поделија Швајцарците, Беат Фојц и Карло Јанка со 0.24 секунди заостанување.
26-годишниот Дресен минатата сезона имаше сериозна повреда на коленото при пустот во Бивер Крик, а првите тестови во Лејк Луис не ветуваа бидејќи тој имаше само 61. најдобро време на тренингот во канадскиот ски-центар. За среќа, тој успеа да ги убеди германските селектори да му дадат место во трката за да стигне до својата трета победа во кариерата, по спустовите во Кицбил во јануари 2018 и во Квитфјел во март 2018.
WOOOW! Was für ein Comeback von Dreßen. ? Reicht das direkt zum ersten Saisonsieg? Die Entscheidung JETZT live!
—
⛷ Abfahrt
? #LakeLouise
? Eurosport 1 HD
?? https://t.co/Qna85PTmjf#alpineskiing #skialpin #downhill pic.twitter.com/6TFW8TdtVV— Eurosport DE (@Eurosport_DE) November 30, 2019
After 30 athletes, here’s the results for the Men’s Downhill in Lake Louise. Congratulations to #ThomasDressen #DominikParis @carlo_janka @BeatFeuz #fisalpine pic.twitter.com/G7U0FXfuXJ
— FIS Ski WC Results (@SkiingResults) November 30, 2019