Норвежанецот Мариус Линдвик триумфираше на саботното натпреварување во Инсбрук, третата станица од новогодишната турнеја „4 скокалници“ за да ја продолжи фантастичната форма по новогодишниот триумф во Гармиш-Партенкирхен.
21-годишниот Норвежанец беше најдобар и на квалификациите, и во првата рунда во Инсбрук, за да го победи новиот лидер на турнејата, Полјакот Давид Кубацки за продолжување на неверојатната серија. Линдвик имаше скокови од 133 и 122.5 метри за да собере 253.3 поени, Кубацки стигна до 252.0 (со идентични скокови од 133 и 122.5 метри), додека подиумот го комплетираше Норвежанецот Даниел Андре Танде со 249.3 поени (126 и 131 метри).
„Навистина неверојатно, се надевам дека ќе можам да продолжам така. Не сакам да мислам на титулата во генерален пласман, туку само на следното скокање“, вели Линдвик.
Со овој резултат, Кубацки по три подиуми на три скокалници е лидер пред дуелот на скокалницата во Бишофсхофен – тој има 830.7 поени, само 9.1 поен пред Линдвик.
„Што недостасуваше? Вториот скок, кој беше прекраток. Секако, среќен сум и сега ќе одиме во Бишофсхофен без калкулации“, вели Кубацки.
Актуелниот шампион и победникот на првата скокалница во Оберстдорф, Јапонецот Рјоју Кобајаши имаше лош прв скок, по што заврши на 14. место, додека Карл Гајгер беше осми. Квалификациите заз Бишофсхофен се на ред во недела, а последната станица е во понеделник навечер.
? Garmisch-Partenkirchen
? Innsbruck21-year-old Marius Lindvik is taking the #FourHills by storm with his second win of the Tournee ? pic.twitter.com/JXOREdeEJN
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 4, 2020