Top Sport

Сензационалената победничка на Вимблдон ќе слави со пиво, а тренерот ќе мора да се тетовира

Маркета Вондрушова го изненади тенискиот свет и го освои Вимблдон. Тенисерката од Чешка, 42. на АТП листата, во финалето ја победи Тунижанката Онс Жабеур со 6:4, 6:4.
Вондроушова во претходните четири години на Вимблдон оствари само една победа, а сега забележа седум и ја освои првата Грен слем титула во кариерата. Претходно, пред четири години играше во финалето на Ролан Гарос.

Онс Жабер, исто како и минатата година доживеа пораз во финалето. Тунижанката од третиот обид не успеа да освои Грен слем титула, во 2022 таа загуби во финалето на Ју-ес опен.

„Не знам што се случи. Чувството е прекрасно. После се што поминав, да застанам овде и да го држам овој трофеј… Тенисот е луд“, изјави сензационалната победничка.

„Не ми се верува колку далеку стигнав. Минатата година ова време бев во големи проблеми, а сега сум на врвот. Сигурно ќе прославувам со пиво бидејќи изминатите денови беа многу напорни, но исклучително убави денови. Со оглед на тоа што победив и што се обложив со мојот тренер, тој ќе мора да се истетовира“, изјави Вондроусова.

Инаку, на последните Олимписки игри во Токио, Вондроушова освои сребрен медал.

Scroll to Top