Серена Вилијамс повторно е хит на Интернет, но овојпат не поради расправија со судии или поради тениски проект, туку поради видеото на кое ја пее песната „I touch myself” од бендот Дивинилс и во кое е целосно гола. Видеото не е направено да собира поени, туку за добра цел – кампања против ракот на дојка.
Видеото веќе има повеќе од еден милиони гледања, и во неа Серена е гола пред камерата покривајќи ги градите со рацете.
Според 23-кратната гренд слем шампионка ова е посветено на месецот за свесност за ракот на дојка, октомври 2018, и сака да ги потсети жените да се проверуваат постојано.
„Ова ме постави надвор од удобната зона, но сакав да го направам бидејќи тоа е нешто што влијае на сите жени без разлика на бојата на кожата низ целиот свет. Раното дознавање е клучно и спасува многу животи. Сакав да ги потсетам жените на тоа“, напиша таа на Инстаграм.