Серена Вилијамс преку Каја Канепи избори пласман во четврт-финалето на Флешинг Медоуз, каде противничка ќе и биде Карлина Плишкова од Чешка.
Помладата од сестрите Вилијамс ја совлада Естонката во три сета (6:0, 4:6, 6:3). Серена надмоќно го доби првиот сет, во вториот Канепи успеа да се врати, со два брејка, дојде до 2:5, а иако Американката врати еден брејк немаше сили за пресврт.
Третиот сет беше решен на почетокот, откако Канепи не ја искористи можноста да дојде до брејк во првиот сет, Серена дојде до 2:0, што и беше доволно за триумф.
Американката за пласман во полу-финалето ќе игра против Каролина Плишкова која во два сета (6:4, 6:4) ја совлада Ешли Барти од Австралија.