Серена Вилијамс беше казнета со 17.000 долари за прекршувањето на правилата во текот на финалето на САД опен, објави Американската тениска асоцијација (УСТА) по хаотичниот пораз од Наоми Осака, одбележан со расправијата со судијата Карлос Рамос.
При 6:2/6:4 поразот, Вилијамс прво доби казна за добивање совети од тренерот Патрик Муратоглу од трибините, а потоа за кршење рекет, губејќи поен, по што таа влезе во лута расправија со судијата Рамос, нарекувајќи го „крадец“ и барајќи извинување.
Турнирот ја казни поранешната светска тенисерка број 1 со 10.000 долари за „вербалниот напад“ на Рамос, 4.000 долари за предупредувањето за добивање на тренерски совети и 3.000 долари за кршење на рекетот.
Serena Williams goes off on chair umpire..
I don’t cheat…
You own me an apology…
I have never cheated in my life..
I have a daughter and I stand for what’s right for her… pic.twitter.com/xLvbMlPOjv— Zach Klein (@ZachKleinWSB) September 8, 2018
More drama here!! @serenawilliams NOT taking any nonsense from the Umpire!!#USOpen pic.twitter.com/EwDd6rhT4j
— robertmarawa (@robertmarawa) September 8, 2018