Top Sport

Серена не се лути што и го забранија костумот

Серена Вилијамс вели дека не постои проблем откако нејзиниот костум кој го носеше на Ролан Гарос беше „забранет“ од организаторите на францускиот гренд слем.

„Сѐ е во ред момци. Разговаравме со претседателот на Француската федерација, Бернар Жудичели и немаше проблеми. Мојот тим е француски, така што однисте се во ред. Мислам дека ќе дојдеме до некое разбирање“, изјави Серена пред САД опен.

Жудичели претходно го посочи црниот костум на Вилијамс како нешто што ќе биде неприфатливо бидејќи „мора да се почитува спортот“. Многумина сметаа дека се работи за нечувствителност, ако не и непочитување од страна на Французите. Вилијамс пак, во Франција тврдеше дека со костумот има придобивки околи циркулацијата на крвта.

„Носев трико бидејќи така имав подобра циркулација. А, за модата, верувајте, јас не сум некоја која повторува работи“, додаде Американката.

Поради Серена Ролан Гарос воведува „дрес код“

Scroll to Top