Во своето прво интервју по контроверзното финале на САД опен, Серена Вилијамс инсистираше дека не добила совети од својот тренер Патрик Муратоглу и покрај тоа што самиот Французин го призна тоа по мечот.
Вилијамс имаше „епско топење“ во финалето кое го загуби од Јапонката Наоми Осака, откако судијата Карлос Рамос и даде казна за совети кои ги добиваше од Муратоглу на 8 септември. Вилијамс го обвини судијата за сексизам, велејќи дека има двојни стандарди кога се работи за казнувањето на тенисери.
„Не сфаќам. Ако си женско, треба да ти е дозволено да направиш барем половина од работите кои ги прават машките. Мислам дека е важно да застанеш зад тоа во што веруваш, посебно ако тоа влијае на иднината и на многу луѓе. Околу тоа беше целата работа“, изјави Вилијамс во интервју за австралискиот „Д Ејџ“.