Top Sport

Серена се намачи, но влезе во третото коло

Серена Вилијамс влезе во третото коло на Ролан Гарос, откако мораше да игра три сета против 174-рангираната Романка Михаела Бузарнеску со 6:3/5:7/6:1

Освојувачката на 23 гренд слем трофеи, го освои првиот сет експресно со 6:3, но потоа налета на упорната Бузарнеску која израмни на 1:1 со 5:7. Меѓутоа, потоа Серена се созеде и лесно го комплетираше мечот за во третото коло да се судри со сонародничката, Даниел Роуз Колинс, 50-рангираната тенисерка на светот, која со 6:0/6:2 ја „уништи“ Украинката Анхелина Калинина.

„Знаев дека нема да биде лесно. Таа има силен сервис, и искрено, имав среќа што сум во третото коло. Мислам дека имавме убава битка за публиката“, изјави 39-годишата Американка.

Scroll to Top