Top Sport

Вардар доминантно до 14-тата македонска титула

РК Вардар повторно е шампион на Македонија, по убедливата 39:27 победа над старите познаници РК Металург, за по 14. пат да се закитат со трофејот, продолжувајќи ја низата од 2014 година, која беше прекината лани кога не се прогласи шампион поради пандемијата на корона вирусот.

Оваа сезона, тимот на Стевче Алушовски имаше сериозна конкуренција во РК Еурофарм Пелистер, со кои завршуваат со идентичен скор 12-1, но со подобар скор во меѓусебниот дуел.

Сите шанси за изненадување кое би го приредиле Металург и така индиректно би ја одземале титулата на „црвено-црните“ завршија уште во првото полувреме, во кое Вардар имаше 21:10 предност. За Вардар ова е двојна титула, бидејќи го освоија и Купот на Македонија, а шпекулациите велат дека од следната сезона на клупата ќе се врати стариот познаник Веселин Вујовиќ, кој беше на трибините со сопственикот на тимот, Михајло Михајловски.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Scroll to Top