Серена Вилијамс се доближи до рекордната 24. гренд слем титула, откако се врати од брејк негатива во последниот сет за тешка 6:3/6:7(7)/6:3 победа над Гркинката Марија Сакари во четвртото коло на САД опен.
Во својот 20. настап на терените на Флешинг Медоуз, Американката лесно го освои првиот сет, но потоа налета на упорната Сакари, која го доби вториот сет во тај-брејк и имаше брејк негатива, пред ветеранката да се врати моќно во игра. 38-годишната Вилијамс ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Французинката Ализе Корне и Бугарката Цветана Пиронкова во четврт-финалето.
Австралиецот Алекс де Минаур пак, стигна до своето прво гренд слем четврт-финале во кариерата, откако доминираше против Канаѓанецот Васек Поспишил, триумфирајќи во три сета со 7:6(6)/6:3/6:2.
21-годишниот Де Минаур сега го очекува дуел со подобриот од пресметката меѓу вториот носител, Доминик Тим и Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим.