Top Sport

Серена со порака до Халеп: Осум е прекрасен број

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс со „твит“ реагираше на веста за четиригодишната суспензија наСимона Халеп. Серена од Романката доживеа пораз во финалето на Вимблдон во 2019 година.

Да победеше тогаш, Серена денеска ќе имаше 24 Грен слем трофеи и ќе беше заедно со Новак Ѓоковиќ на самиот врв на најуспешните во историјата на тенисот.

Таа година против Халеп се обидуваше да ја освои својата осма титула на Вимблдон, до која на крајот не стигна. Поради тоа нејзиниот „твит“ се однесуваше на тој меч.

„Осум е прекрасен број“, напиша Серена.

Секако, не им требаше многу време на нејзините следбеници или медиумите да разберат за што се работи и кому е упатена пораката. Поконкретно зошто Серена го напишала тоа што го напишала.

Халеп ја победи Серена со 2:0, во сетови 6:2, 6:2 и ја освои својата втора Грен слем титула, откако една година порано победи на Ролан Гарос.

Јасно е дека Американката со оваа порака ја доведе во прашање победата на романската тенисерка во светло на наводите дека користела допинг.

Scroll to Top