Top Sport

Ришарлисон ќе побара помош од психолог поради лошата форма

Бразилскиот напаѓач Ришарлисон вети дека ќе побара помош од психолог поради отсуството од голови за Тотенхем и за бразилската репрезентација, отворајќи се за „проблемите надвор од теренот“.

26-годишниот Ришарлисон заврши во солзи во саботата по 5:1 победата на Бразил на Боливија, во меч во кој пропушти одлична шанса пред да биде заменет од игра, за во вторникот да игра и при 1:0 победата над Перу, повторно без гол. По мечот, тој призна дека се мачи со работи во фудбаалот, но и надвор од него.

„Поминав низ турбулентен период во последните пет месеци надвор од фудбалот. Сега, работите се добри дома, бидејќи луѓето кои гледаа само на моите пари си заминаа. Сега работите пак ќе почнат да работат и сигурен сум дека ќе имам добар период со Тотенхем. Тој тажен момент кој го имав на клупата не е поради тоа што играв лошо, туку беше реакција на работи кои се случуваа далеку од фудбалот. Сега ќе се вратам во Англија да побарам помош од психолог, да работам на мојот ум. Тоа е тоа, да се вратам посилен. Ќе имам добар период во Тотенхем и ќе се вратам во ритам“, вели Ришарлисон.

Scroll to Top