Top Sport

Серена Вилијамс идниот месец му се враќа на тенисот

Американската тениска ѕвезда, Серена Вилијамс (39) ќе се врати на теренот во првото издание на „Top Seed Open“ кое ќе се одржи од 10. до 16. август во Лексингтон, во сојузната американска држава Кентаки.

Освојувачката на 23 грен слем титули последен пат настапи во февруари кога играше за американската репрезентација на ФЕД купот.

Турнирот во Кентаки е еден од двата нови случувања, заедно со турнирот во Прага кои минатата недел ги потврди извршниот директор на ВТА, Стив Симон како додаток на обновениот календар.

Сезоната би требало да стартува на 3 август со ВТА турнирот во Палермо.

Една од најдобрите тенисерки на сите времиња најави дека планира настап на САД опен кој би требало да почне на 31 идниот месец.

Scroll to Top