Една од најдобрите тенисерки во историјата Серена Вилијамс открила дека поради компликации по породувањето можела да умре.
Серена на 1.септември минатата година ја роди ќерката Олимпија, а во инервју за „Си ен ен“ рекла дека можел ад аумре доколку навреме не реагирале лекарите.
„Порудувањето мина добро, бев пресреќна што го држам детето в раце, но наредните шест дена беа вистински кошмар. Белоробна емболија предизвика многу компликации. Поради силните напади на кашлање ми пукнаа конците на царскиот рез. Лежев на масата за операции кога лекарите најдоа огромен хематом во мојот стомак. Тромбот можеше да оди во белите дробови во било кој момент“, рекла Серена Вилијамс.
Во интервјуто таа им се заблагодарува на докторите кои и го спасиле животот.
„Благодарна сум што бев под надзор на тим на неверојатни лекари и медицински сестри во болница со најмодерна опрема. Точно знаеја како да се справат со сите проблеми и компликации. Да не беа толку професионални сега неша да бидам тука“, истакната 36-годишната Американка.