Top Sport

Ѓоковиќ се мачеше против Медведев

Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во четврт-финалето на Австрлија опен. Шесткртниот шампион вложи многу труд и по три часа и 19 минути игра успеа да го скрши Данил Медведев со 3.1 (6/4, 6/7, 6/2, 6/3).

„Се обидував на разни начини, клучните моменти се случуваа кај брејк топките. Ги чекав своите шанси“, изјави Ѓоковиќ по мечот.

Ѓоковиќ за 40 минути успеа да го добие првиот сет, а кога во вториот сет стигна до предност од 4:1 и брејк топка за 5:1, се очекуваше негова лесна победа. Меѓутоа тука тој застана Медведев се врати во сетот избори тај-брејк и ја искористи четвртата сет топка за 1:1.

Моментот кој го реши победникот се случи во третиот сет. Во третиот гем Ѓоковиќ успеа да спаси три брејк топки, а откако се извлече од таа ситуација лесно го доби сетот.

Во четвртиот сет, Србинот направи брејк во петтиот гем во наредниот спаси брејк топка и потоа успеа стигне до победата.

Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против Кеи Нишикори, кој во спектакуларен меч, во пет часа и по пет часа борба го победи Пабло Карењо-Биста.

Scroll to Top