Top Sport

Шампионката на УС Опен смени уште еден тренер

Британската тенисерка и победничка на минатогодишниот УС Опен, Ема Радукану, ја раскина соработката со својот тренер Торбен Белц. Германецот стана третиот тренер отпуштен од Ема Радукану во последната година, а со Британката соработуваше само пет месеци.

Таа од анонимна тенисерка стана шампионка на УС Опен и планетарна ѕвезда, но оттогаш и не прикажува добри игри. Таа во моментов е 11. тенисерка во светот и нема ниту еден друг трофеј по Отвореното првенство на САД.

Претходно, Ема Радукани се раздели и со тренерите Ендрју Ричардсон и Најџел Сирс, па го очекува четвртиот тренер во последната година.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');