Top Sport

Шампионот се повлече од Новогодишната турнеја

Бранителот на трофејот на турнејата Четири скокалници, Камил Стох, реши да се повлече од натпреварувањето.

Искусниот полски ски-скокач, се наоѓа во лоша форма. Во Оберстдорф не успеа да се пласира во втората серија, додека во Инсбурк, во квалификациите беше 59.

34-годишниот Стох, три пати во кариерата победил на Новогодишната турнеја (2017, 2018, 2021).

Турнејата продолжува во вторник со скоковите во Инсбрук.

Во генералниот пласман води Рјоју Кобајаши со 593,2 поени, втор е Норвежанецот Маријус Линдвик (580), а трет Словенецот Ловро Кос (575,5).

Scroll to Top