Големо изненадување се случи вечерва на АТП турнирот во Рим, каде канадскиот тенисер Денис Шаповалов го совлада Рафаел Надал и го елиминира во осминафиналето од турнирот. Шаповалов по голема борба славеше со 2:1 во сетови, а мечот траеше 2 часа и 40 минути.
Надал одигра феноменален прв сет и го доби со 6:1 во гемови. Се чинеше дека тоа ќе биде лесна работа за Шпанецот, но следеше голем пресврт.
Вториот сет Шаповалов го доби со 7:5, а потоа во третиот беше далеку подобар тенисер и ја искористи третата меч топка славејќи со 6:2 во гемови.
Надал остана без шанса по 11. пат да го освои овој турнир на кој првпат испадна во оваа фаза од натпреварувањето.
Шаповалов во четвртфиналето ќе се соочи со Каспер Руд.