Top Sport

Реал го испрати Леванте ранг подолу, Бензема го достигна легендарниот Раул

Леванте на Енис Барди се сели во Секунда, второлигашкото друштво во Шпанија откако загуби со 6:0 од Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Карим Бензема постигна еден гол и се израмни со легендарниот Раул Гонзалес со 323 гола на второто место на најдобрите стрелци во клупската историја, а Винисиус Жуниор беше стрелец на хет-трик.

Лука Модриќ подели три асистенции уште во првото полувреме, а погодија и Менди и Родриго.

Енис Барди влезе во игра во 39.минута на овој натпревар на местото на Немања Радоја.

Scroll to Top