Денис Шаповалов, се врати против Рафа Надал, откако ги загуби првите два сета, но не успеа да го елиминира Шпанецот од Австралија опен. Надал, во пет сета, по четири часа и 10 минути, го елиминираше Шаповалов.
Канѓанецот, во текот на мечот ги критикуваше одлуките на главниот судија, Карлос Бернардес, во вториот сет му кажа дека „сите судии се корумпирани“.
По мечот објасни дека судијата не смеел да му дозволи на Надал да прави толку долки паузи и дека заминал во тоалет во текот на медицинскиот тајм-аут.
„Мислам дека згрешив кога му реков дека е корумпиран. Беше кажано во афект, но јас стојам зад тие мои зборови. Не е фер, Рафа толку одолговлекуваше. Подготвен сум да играм, гледам на часовникот 3, 2, 1, нула, морам да кажам нешто. Значи јас сум подготвен да играм, а тој вели дека нема да го опомене за прекорачување на времето. По завршувањето на четвртиот срт, Надал оди во соблекувалната. Мене минатата година не ми дозволија да заминем во тоалет кога зедов медицински тајм-аут. Каде е границата? Мислам го почитувам Надал, за се што има постигнато, неверојатен е како играч. Но граници мора да постојат, правилата треба да се почитуваат. Чувствуваш дека немаш еднаков третман. Играш против ривалот и судијата. Тешко е“, рекол Шаповалов.
Шаповалов бил запрашан дали тоа се случувало само поради тоа што од другата страна на мрежата е Надал.
„Сто отсто. Претходните мечеви се играа во брзо темпо, судиите ги почитуваа ограничувањата. Надал помеѓу сетовите земаше големи паузи. Не велам дека не треба да земе медикал тајм-аут. Но не може во иста пауза да земе медицински тајм-аут и паузата да ја користи за да оди во тоалет. Не може“.