Top Sport

Шаповалов: Сите тројца се единствени, ама Роџер…

Канадскиот тенисер Денис Шаповалов доби вообичаено, но многу тешко прашање што не знаат да го одговорат многу поискусни од него – „ Кој е најдобриот тенисер на сите времиња“. Тој изјави дека е прашање на „вкус, ама Надал, Ѓоковиќ и Федерер се единствени.

„Невозможно е да се одреди кој е најдобриот, тоа е субјективно. Некој гледа статистика, некој пресудува по тоа кој колку пати бил шампион, како се однесувал на теренот, но и надвор од него. Сите тројца се единствени. Забавно е да се биде дел од таа генерација, мислам дека такво нешто нема да се повтори во историјата“ вели Шаповалов.

Тој уште еднаш, низ редови, подвлече дека него Федерер му е најголемиот идол.

„Постори изрека дека не треба да ги запознаеш своите идоли, затоа што тогаш ќе се разочараш. Со Роџер се случи токму спротивното. Се сеќавам во Базел, во 2017-та јас тогаш се пробивав. Роџер е во автомобилот, се подготвува да си оди дома. Излегува од автомобилот за да се поздрави со мене, за да поразговараме 5-10 минути и да ми посака добре дојде во неговиот град. Ме праша `како оди`, се погрижи да се чувствувам како дома. Мислам дека малку се играчите кои би го направиле тоа, пред се играч како Федерер со ограничено време, кој тргнал да оди дома на вечера со семејството. Ми беше голем идол додека растев, но и понатаму. Како се однесува, кај него нема шоу, се е природно и автентично. Тоа ме инспирира, тоа што го запознав и впрочем видов каков е“ вели канадскиот тенисер.

Scroll to Top