Поранешната светска тенисерка број 1, Марија Шарапова стигна до доминантна 6:0/6:2 победа над сонародничката Дарја Касаткина во второто коло на Роџерс купот во Монтреал.
Во првиот меч на моментално најдоброрангираните руски тенисерки на ВТА турнејата, 31-годишната Шарапова ја надигра својата 10 години помлада сонародничка за само час и 16 минути игра.
What a rally between Kasatkina and Sharapova! #CoupeRogers pic.twitter.com/JSWYJUM0T8
— WTA (@WTA) August 8, 2018
„Останав фокусирана во цел меч, но ја почитував мојата противничка. Таа е 12. на светот поради тоа што знае како да игра тенис. Дадов максимум“, вели Шарапова.
Толку среќа немаше шампионката од Вимблдон, Анџелике Кербер, која со 6:4/6:1 беше поразена од Французинката Ализе Корне. Светската тенисерка број 4, Кербер, која ја победи Серена Вилијамс за третата гренд слем титула во Лондон минатиот месец, направи дури 32 неизнудени грешки во мечот од второто коло и загуби за 85 минути.
Wow. Maria Sharapova is on ???. #RogersCup pic.twitter.com/uRmIzURAKu
— Sportsnet (@Sportsnet) August 8, 2018
На машкиот Роџерс куп во Торонто, шампионот од Вимблдон, Новак Ѓоковиќ немаше проблеми и со 6:3/6:4 победа пред силен дожд да падне во канадскиот град. По победата, Ѓоковиќ зборуваше за „иновацијата“ – часовникот за одмерување на времето за сервис и изјави дека нема проблеми иако тој и Рафаел Надал честопати добиваат предупредувања за пречекорување на времето.
„Искрено, дури мислам дека со часовникот имаме повеќе време за удар. Не ми пречи, а добро е да се има ваков систем пред САД опен“, вели Ѓоковиќ.
Турнирот остана без Хуан Мартин дел Потро, кој се откажа неколку мечеви пред стартот на мечот против Робин Хасе поради повреда на левиот зглоб.