Дебитантот Бен Шелтон избори пласман во четвртфиналето на Австралија опен. Во американската пресметка тој го победи Џефри Џон Волф во пет сета.
Шелтон победи со 6:7 (5), 6:2, 6:7 (4), 7:6 (4), 6:2 по речиси четири часа игра.
Во Мелбурн Американецот дојде како 89. во светот, а пред една година се наоѓаше на 569. позиција. По завршувањето на првиот гренд слем во сезоната тој драстичноќе го поправи својот рејтинг.
Тој во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Шпанецот Роберто Баутиста-Агут и уште еден Американец, Томи Пол.