Спринтерката од Јамајка, Шерика Џексон, го постигна третиот најдобар резултат на сите времиња на првенството во атлетика на Јамајка во Кингстон. Таа истрча време од 21,55 секунди во трката на 200 метри. Џексон победи и на 100 метри во петокот и не го криеше изненадувањето кога го виде своето време на семафорот, потврдено со отсуство на ветер.
„Искрено, шокирана сум, не очекував да одам толку брза. Знаев дека го имам во нозете, но да трчам толку брзо… Можам да кажам дека сум многу благодарна“, изјави Џексон.
Побрзи од неа во историјата на трката на 200 метри се само покојната Флоренс Грифит-Џојнер, чиј светски рекорд од 21,34 стои од 1988 година, и Елејн Томпсон-Хера, која истрча 21,53 секунди на Олимписките игри во Токио минатата година.
28-годишната спринтерка од Јамајка го подобри својот личен најдобар резултат од 26,10 секунди, како и најдобриот резултат сезонава на 200 метри од 21,77 секунди, што неколку часа претходно го постигна Американката Аби Стајнер во Јуџин (Орегон) на националното првенство на САД.