Микаела Шифрин ја одбрани титулата во генерален пласман од Светскиот куп во алпско скијање на пет трки пред крајот на сезоната, откако заврши како трета на велеслаломската трка во Офтершванг.
Во првата трка по освојувањето на едно злато (велеслалом) и едно сребро (комбинација) на Олимпијадата, на Американката и беше доволен топ 6 пласман за да ја гарантира титулата. На крајот и тоа не беше потребно, откако Венди Холденер, Швајцарката која единствена имаше теоретски шанси да ја претекне Шифрин, заврши на 14. место.
Норвежанката Рагнхилд Мовинкел покажа дека е во одлична форма за победата во Офтершванг пред Германката Викторија Ребензбург и Шифрин, која заостана 0.74 секунди.
MOMENTO D’ORO PER MOWINCKEL ???
Dopo le due medaglie olimpiche a Ofterschwang arriva la prima vittoria in Coppa del Mondo! #EurosportSCI | https://t.co/gDw7vWrJ4v pic.twitter.com/clti8Z1V4E
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) March 9, 2018
22-годишната Шифрин станува само втората Американка со повеќе од една титула од Светскиот куп, покрај Линдзи Вон, која освои четири големи кристални глобуси. Шифрин имаше 11 победи оваа сезона, која ја почна со пет победи во низа.
„Секако е возбудливо! Тешко е да се опише што чувствувам, но секако е добро да се освои титулата пред финалето на СК во Оре“, вели Шифрин.
Додека големиот глобус е доделен, за титулата во велеслалом ќе има интересна трка во Шведска следната недела. Ребензбург има 92 поени предност пред Французинката Теса Ворлеј на една трка од пред сезоната, додека Шифрин заостанува 101 поен и веќе не е во игра.
Шифрин може да освои уште една титула овој викенд, бидејќи има 175 поени предност во слалом пред Словачката Петра Влхова пред претпоследната трка од сезоната.
Фото: ЕПА