Микаела Шифрин победи на трката во велеслалом која попладнево се возеше во италијанскиот ски-центар Кронплац. Американката ја растури конкуренцијата и ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман во оваа дисциплина.
Шиврин по двете трки забележа вкупен резултат 2:04.75 минути. За Американката ова беше 53. победа во кариерата и сега уште само две победи ја делат од израмнување на рекордот на легендарната Швајцарка Френи Шнајдер.
Домимацијата на Шифрин во Корнплац најдобро ја илустрира разликата помеѓу неа и најблиските конкурентки. Теса Ворли од Франција имаше послабо време за една секунда и 21 стотинка, а трето пласираната Италијанка Марта Басино задоцни за секунда и 57 стотинки.
Шифрин, која ја забележа десеттата победа во Светскиот куп оваа сезона, ја зголеми предноста во генералниот пласман. Шифрин има 1.394 бода, а втора е Петра Влхова од Словаќка со 898 бода.
Само во велеслалом, Шифрин води со 355 бода, десет повеќе од Ворли, а трета е Федерика Брињоне со 310 бода.