Лидерката во генерален пласман во Светскиот куп, Микаела Шифрин падна во првото возење, оставајќи и на Германката Викторија Ребензбург шанса да стигне до својата трета велеслаломска победа оваа сезона во австрискиот Кронплац.
Иако беше само трета по првото возње, Ребензбург имаше најдобро второ возење за да ја совлада лидерката Рагнхилд Мовинкел од Норвешка за минимални 0.03 секунди. Мовинкел беше за 0.21 секунди пред Ребензбург на последната мерна точка, но сепак, не успеа да стигне до својата прва победа (што не и пречеше добро да прослави). Италијанката Федерика Брињоне беше трета со 0.66 секунди заостанување.
Ова беше 16. победа во кариерата за Ребензбург, олимписката шампионка во велеслалом од Ванкувер 2010 година. Шифрин уште има 843 поени предност пред Ребензбург, но во велеслалом, Германката води со 37 поени.
Was für ein Comeback von @V_Rebensburg! Sieg am #Kronplatz. Das nennt man dann wohl Olympia-Form. ? #HomeOfTheOlympics pic.twitter.com/khh6vQlvfN
— Eurosport DE (@Eurosport_DE) January 23, 2018
Шифрин ја загуби контролата на скиите при свртување на најстрмниот дел од патеката, познат како „Ерта“, но не се повреди.
„Влегов на внатрешната страна од скијата и знаев дека ќе згрешам. Но, се случува“, вели Шифрин.
Откако утна врата во супер-џи трката во Кортина Д’Ампецо во неделата, Шифрин првпат по шест години не успева да заврши две трки во низа.