Словенецот Тадеј Погачар (УАЕ Тим Емирати) е пред сензационална победа на Тур де Франс, откако го примора неговиот сонародник Примож Роглич (Џамбо-Висма) на неверојатен колапс во претпоследната етапа на најславната трка, индивидуалната планинска трка на хронометар до Планш де Бел Фил.
21-годишниот Погачар, сега, треба само сигурно да стигне до целта на неделната славеничка последна етапа на Шам Елизе во Париз за да го комплетира еден од најневеројатните триумфи во историјата на велосипедизмот.
Погачар заостануваше 57 секунди зад Роглич пред 20-тата етапа, но веднаш почна да го „јаде“ водството на сонародникот, а откако направи предност на рамниот дел од етапата, Роглич очигледно ја загуби самодовербата. Двајцата беа во топ-форма пред последното искачување, но Погачар одеднаш беше пред неверојатна победа со која ќе стане најмладиот шампион на Трката околу Франција по 19-годишниот Анри Корне во 1904 година.
Финалето на трката на хронометар е еден од најдраматичните моменти во велосипедската историја, а многумина го споредуваат со легендарната последна етапа во 1989 година кога Грег Лемонд го победи Лорен Фињон за осум секунди.
„Мислам дека сонувам, навистина немам зборови во моментов. Не знам кога ќе сфатам што направив“, изјави очигледно шокираниот Погачар, кој во понеделник ќе го прослави својот 22. роденден.
An incredible TT saw ?? @tamaupogi power his way into the Yellow Jersey ?
? Relive the emotion of that final kilometre!
Un mano à mano exceptionnel dans la Planche des Belles Filles ! Victoire de ?? @TamauPogi qui s’empare du Maillot Jaune !#TDF2020 pic.twitter.com/mrYuM2b9aW
— Tour de France™ (@LeTour) September 19, 2020
“I think I’m dreaming”
The full first interview with the new ? Yellow Jersey wearer ??@tamaupogi.#TDF2020 pic.twitter.com/AhYVTFNNf5
— Tour de France™ (@LeTour) September 19, 2020
He gave everything, but it wasn’t his day.
Il a tout donné mais ce n’était pas sa journée.#TDF2020 pic.twitter.com/UEplffOc0M
— Tour de France™ (@LeTour) September 19, 2020