Top Sport

Шпанците ја декласираа Хрватска за финале против Италијанците

Шпанија и Италија ќе се борат за светската титула во ватерполо во Будимпешта, откако Шпанија ја оправда фаворитската улога во полуфиналната пресметка со Хрватска стигнувајќи до убедлива 10:5 (3:3, 4:2, 0:0, 3:0). Италијанците, претходно со 10:9 ја совладаа Грција во првото полуфинале, што значи дека Хрватите и Грците ќе се борат за бронзениот медал.

Хрватите почнаа солидно, со 3:2 водство во првата четвртина благодарение на двата гола на Константин Харков, меѓутоа потоа во втората четвртина, Шпанците беа убедливи и со головите на Гранадас и Санахуха направија предност од 7:4. Хрватска не успеа да направи камбек и во последната четвртина примија уште три гола.

Со ова Шпанците ја продолжија победничката серија против Хрватска, кои последен пат беа подобри од Шпанците пред 10 години на Олимписките игри во Лондон, кога Хрватска беше златна.

Scroll to Top