Top Sport

Ламперт ја освои првата етапа на ТдФ па порача: Јас сум само син на фармер од Белгија

Белгиецот Ив Ламперт стигна до фантастична победа на првата етапа на Тур де Франс, доминирајќи на индивидуалната трка на хронометар во Копенхаген на летниот дожд во данската престолнина.

Велосипедистот на Квик-Степ Алфа Винил, најдобро се снаје на лизгавите патишта за по 13.2 километри да биде најбрз со време од 15:17, пред сонародникот Вут ван Ерт со 15:22. Ова беше шокантна победа за 31-годишниот ветеран, чиј претходен најдобар пласман беше етапна победа на Вуелта Еспања во 2017 година.

„Јас сум само син на фармер од Белгија! Мозок ми експлодира. Дојдов тука со очекување за некој топ 10 пласман, а сега ги победив најдобрите на светот. Никогаш не очекував вакво нешто“, вели Ламперт.

Словенецот Тадеј Погачар, освојувачот на последните две Тур де Франс титули е во добра позиција пред втората етапа со третото место. Втората од трите дански етапи се оддржува утре од Роскилде до Ниборг со 202.5 километри.

Scroll to Top