Top Sport

Шпанија ја освои брозата на Мундијалот во Доха

Ватерполистите на Шпанија го освоија третото место на Светското првенство во Доха. Во малото финале ја совладаа Франција со 14:10 (4:1, 5:3, 2:2, 3:4).

За актуелните европски шампиони ова е вкупно трета бронза на светските првенства и четврти последователен медал на светската смотра.

Досега три пати беа светски шампиони, а дури четири пати загубија во финалето.

Во мечот против Французите ја оправдаа улогата на фаворити и до полувремето го насочија натпреварот во посакуваниот правец. Првиот дел го добија со 9:4.

Французите ги одиграа своите најдобри партии во Доха во второто полувреме од елиминациските дуели и така стигнаа до полуфиналето, но Шпанците беа „преголем залак“ за најголемото изненадување на турнирот.

Франција ќе почека на медал на големите натпреварувања. Последниот медал го овоија во 1927 година кога беа втори на Европското првенство. .

Најефикасни кај Шпанците беа Гранадос и Санахуја со по четири гола. Кај Французите Буе и Верно постигнаа по два гола.

Scroll to Top