Top Sport

Што го очекува Борис Бекер во затворот Вандсворт (ФОТО)

Шесткратниот гренслем победник Борис Бекер (54) е осуден на две и пол години затвор. Причината поради која легендарниот германски тенисер мора да оди во затвор е обидот да сокрие пари и други вредни предмети вредни 2,5 милиони фунти во стечајна постапка со намера да избегне плаќање долгови. Тој ќе мора да отслужи барем половина од затворската казна и да мине зад решетки една година и три месеци.

На Бекер му се слошило за време на пресудата, колабирал, а сега е откриено какви нехумани услови го чекаат во затворот Вандсворт, каде што ќе ја отслужува казната. Британските медиуми објавија форографии од овој озлогласен затвор.

Затворот е стар околу 170 години, а е полн со нечистотија и стаорци. Во него казната ја издржуваат над 1.300 осуденици. Бекер ќе биде сам во ќелија, но нема да помине долго бидејќи по некое време ќе добие цимери. Во тоалетите нема приватност, а некои затвореници се затворени во ќелиите и по 22 часа на ден.

Scroll to Top