Top Sport

Јагуриновски поради семејни причини замина од исландскиот Тор

Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски си замина од исландскиот тим Тор Акурејри откако заврши сезоната на Исланд. Тимот кој го предводи македонскиот стратег Стевче Алушовски беше елиминиран во полуфиналето од плеј-офот за место во елитната конкуренција на Исланд, па сезоната за ракометарите на Тор веќе заврши.

Јагуриновски на Исланд го имаше првото интернационално искуство, но нема да го продолжи својот престој таму и се враќа во Македонија. Раководството на Тор жали за заминување на македонскиот репрезентативец кој објаснил дека заминува поради семејни причини.

Scroll to Top