Top Sport

Што се случува ако влеташ во УФЦ кафез? Една девојка доби брутална лекција

Една очигледно алкохолизирана УФЦ навивачка дозна што точно ќе ти се случи ако се обидеш да влеташ во октагонот, добивајќи брутална лекција на УФЦ 274 во Финикс со видео кое стана вирално на социјалните мрежи.

„Футпринт центарот“ во Финикс беше преполн кога домашниот фаворит Џастин Гетџи ја загуби борбата од Бразилецот Чарлс Оливеира, и по крајот на овој меч, девојката која се претставува како „Мис Меги“ ја информира публиката за обидот да влезе во октагонот.

Иако стигнува до кафезот, човек од обезбедувањето потоа ја турка од таму, по што наводно таа била „зашеметена“.

„Обезбедувањето бргу го реши проблемот и таа беше исфрлена од арената“, потврдија од УФЦ.

Scroll to Top