Швајцарската атлетска асоцијација потврди дека нивниот спринтер Паскал Манчини нема да настапи на Европското првенство во Германија оваа недела поради неговите расистички коментари.
29-годишниот Манчини неодамна поставил „контроверзни и радикално десничарски идеи“ на својата Фејсбук страница, со што ги прекршил правилата на Швајцарската федерација. Манчини вели дека му се ограничува слободата на говор и вели дека медиумите се виновни.
„Јас пишувам тоа што го мислам и знам дека на некои луѓе тоа не им се допаѓа. Затоа сакам да ги провоцирам. Да бев расист, ќе го кажев тоа отворено“, изјави Манчини.
Манчини беше член на швајцарската штафета 4х100 метри и требаше да се натпреварува на индивидуалната трка на 100 метри на ЕП во Берлин од 6 до 12 август. Ова не е прва контроверза за него, откако во 2012 падна на допинг-тест и отслужи двегодишна суспензија.