Top Sport

Швајцарскиот суд контра ИААФ – Семенја може да се натпреварува!

Кастер Семенја нема да мора да зема средства за намалување на тестостеронот за да се натпреварува, одлучи Швајцарскиот федерален врховен суд, кој привремено ја укина суспензијата на Интернационалната асоцијација на атлетски федерации (ИААФ).

ИААФ, контроверзно одлучи да се направат стриктни ограничувања на нивото на природен тестостерон кај женските натпреварувачки, и 28-годишната Семенја, двократната олимписка шампионка на 800 метри ќе можеше да се натпреварува само ако зема средства за намалување на нивото на тестостеронот.

Семенја се жалеше на оваа одлука пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) во Лозана, но минатиот месец го загуби случајот, по што реши да оди пред Федералниот врховен суд на Швајцарија во одбрана на „основните човекови правила“.

„Се надевам дека по жалбата ќе можам да трчам слободно. Благодарам на швајцарските судии за оваа одлука“, изјави Семенја.

Scroll to Top