Top Sport

Енди Мареј потврди дека се враќа на Квинс клаб

Поранешниот светски рекет број 1, Шкотланѓанецот Енди Мареј ќе се врати на тенисот на главниот подгототвителен турнир за Вимблдон, Квинс клаб шампионатот во Лондон, но само во игра на двојки.

32-годишниот Мареј, кој нема играно од Австралија опен по што во јануари беше на операција на колкот, ќе игра во двојки покрај шпанскиот ветеран Фелисијано Лопез.

Трикратниот гренд слем шампион имаше неофицијален меч со Ник Кирјос на Вимблдон минатиот месец, а неодамна објави и фотографија на која сервира на тревната подлога. Тој најави дека би можел да игра во двојки на Вимблдон, но изјави дека е нереално да се очекува кам-бек во сингл оваа година.

Scroll to Top