Шпанскиот тениски ас – човекот „роден на земја“ – Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на грен слем тенискиот турнир Ролан Гарос откако предмалку со 3-1 славеше против Аргентинецот Диего Шварцман.
Надал до место во Топ 4 дојде по безмалку 3 часа игра, по сетови 6-3 4-6 6-4 и 6-0.
Куриозитет претставува фактот што Надал загуби сет на својот омилен турнир по низа долга 36 сета.
Во првиот сет Надал имаше два брејка, еден повеќе од 10-тиот светски тенисер во моментов.
Во вториот сегмент од мечот Аргентинецот возврати со иста мерка. Сега тој на двапати одзема поен на сервис на фаворитот, па резултатот на мечот беше 1-1.
Во третиот сет се играше израмнето се до 4-4. Тука Шпанецот доминантно дојде до прв брејк во тој дел од играта, доволен за освојување на сетот и водство од 2-1.
Четвртиот сет се чини беше само формалност затоа што Надал без загубен гем стигна до ново полуфинале во Париз.
Тука за противник го чека подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу Новак – Ѓоковиќ и Матео Беретини.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Стефанос Циципас и Александер Зверев.